ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Делов: Ривалството со Брегалница трае уште од Втора лига, Тиквеш го очекува тежок натпревар!

Утре во Кавадарци со големото дерби меѓу Тиквеш и Брегалница ќе биде отворено 18. коло од Првата македонска фудбалска лига, кое е последно за есенската полусезона.

Столбот на одбраната на Тиквеш, Тоше Делов, пред утрешниот дуел со Брегалница за kavtown.mk вели дека ривалството на Тиквеш со Брегалница трае уште од Втора лига, додава дека ги очекува тежок дуел, но ќе дадат сè од себе за трите бодови.

Во самиот разговор Делов открива дека пред стартот на сезоната имал понуди од неколу прволигаши за трансфер.

„Да, точно е. Имав понуди, но љубовта кон клубот и желбата да го внесеме Тиквеш во Прва лига беа посилни од сè. “

Делов вели дека е задоволен од досегашните резултати на Тиквеш.

„Со оглед на тоа како ја почнавме сезоната, повеќе од задоволен сум, но секогаш може подобро, Тиквеш може и мора многу повеќе да покаже во остатокот од сезоната.“

Фудбалерот на кавадаречкиот прволигаш утре очекува три бодови.

„Натпреварите со Брегалница секогаш биле возбудливи, тоа ривалство трае уште од Втора лига, нè очекува тежок натпревар на кој ние ќе дадеме сè од себе за да победиме.“

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!