Делиоски: Фудбалската школа на Македонија Враништа функционира одлично, децата се задоволни!

Легендата на македонскиот фудбал и поранешен репрезентативец на Македонија, Цвете Делиоски, кој поседува УЕФА Б лиценца е координатор на младинската школа на третолигашот Македонија од Враништа. Во фудбалската школа на клубот од Враништа тренираат деца на возраст од 5 до 14 години, Делиоски за Спортска Мрежа вели дека условите за работа се одлични, и се надева дека еден ден ќе имаат играчи кој покрај за нивниот клуб, би имале одлична професионална кариера во Прва лига, и ќе бидат дел од македонската репрезентација.
„Јас ги тренирам децата во нашата школа на возраст од 5 до 14 години. Условите за работа се одлични, се надевам дека ќе направиме одличен производ кој би се приклучил кон првиот тим на Македонија Враништа, а зошто да не и во Втора или Прва лига, секако и во репрезентацијата на Македонија“, вели Делиоски.
Асистент на Делиоски во фудбалската школа му е Илија Цајлакоски.