Европски ФудбалФудбал

Дејвид Мојс утре три години во Вест Хем

Дејвид Мојс го продолжи договорот со Вест Хем и тој ќе остане во клубот уште три сезони, објавија „чеканите“.

Мојс е на клупата на Вест Хем од 2019 година. Оваа сезона, Вест Хем заврши на шестото место во Премиер лигата.

„Фантастично е да се работи со управата и сите вработени во клубот, тие ми даваат голема поддршка и чувствувам дека сме обединети и сите се трудиме заедно да ги оствариме целите. Воодушевен сум што ја поврзав својата иднина со Вест Хем. Сакав да останам овде, среќен сум овде“, рече Мојс.

Мојс во својата кариера ги предводеше Евертон, Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!