ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дејан Савески нов тренер на Тетекс

По 11 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Тетекс направи четврта тренерска промена. „Штофарите“ го назначија Дејан Савески за нов тренер.

Тетекс промени четири тренери, но никој не се прослави на тренерското столче, па Тетекс е претпоследен со седем бодови и води тешка борба за опстанок во ВМФЛ.

Новата сезона Тетекс ја стартуваше со тренерот Бојан Захариев, но по три кола дојде до промена, па на негово место беше назначен Даниел Радевски, но и тој си замина, па по Радевски дојде Љупчо Димоски, кој по само еден натпревар (против Гостивар) си замина и сега доаѓа Дејан Савески.

Поранешниот фудбалер на третолигашот Љуботен, Дејан Савески, ќе има за цел Тетекс да го извлече од длабоката резултатска криза и да започне да прави прогрес на табелата, а со тоа да излезе и од опасната зона која води директно во Трета лига. Помошник на Савески ќе биде поранешниот играч на Тетекс, Жика Радоњиќ.

40-годишниот Савески веќе на два натпревари го водеше Тетекс против Слога од Виница и против Беласица во Струмица.

Инаку, Тетекс по 11 одиграни кола од можни 33 бодови собра само седум и се наоѓа на претпоследното место на табелата. „Штофарите“ имаат скор од само две победи, едно реми и дури осум порази со гол разлика од девет постигнати и 35 примени погодоци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!