ЕУРО РАКОМЕТ

Дејан Манасков ги скина лигаментите на коленото

Лоши вести за македонската ракометна репрезентација пристигнаа од Унгарија, од каде Веспрем објави дека македонскиот репрезентативец Дејан Манасков заработил тешка повреда на коленото, односно ги скинал лигаментите на коленото.

После извршените детални прегледи утврдено било кинење на вкрстените лигаменти, повреда од која следува пауза од најмалку шест месеци.

„За жал, лекарските прегледи го потврдија она од што сите се плашевме. Настрадаа предните вкрстени лигаменти, плус страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата. Нашиот играч ќе мора на операција, долга пауза. Датумот и местото на постапката сè уште не се познати, така што не можеме да дадеме информации за детали за враќањето на нашиот ракометар. Дејан Манасков е стандарден член на нашиот тим од 2017 година. Постигна 27 гола на десет натпревари оваа сезона. Ние сме со тебе Деки и со нетрпение очекуваме да се вратиш што е можно поскоро!“ – стои во објавата на унгарскиот клуб.

Повредата и отсуството на Манасков е голем хендикеп за македонската репрезентација која на почетокот на следната година ќе учествува на Европското првенство.

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!