ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Дејан Ѓуриќ ја засилува одбраната на Работнички

Српскиот интернационалец Дејан Ѓуриќ е нов фудбалер на Работнички. Тој потпиша едногодишен договор со клубот.

Ѓуриќ има 23 години, игра на позицијата централен дефанзивец и треба да ja зголеми конкуренцијата во одбраната на „романтичарите“.

Дејан Ѓуриќ доаѓа од српскиот клуб Раднички Сремска Митровица, а претходно има настапувано за Бродарац и за Жарково.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!