Дејан Блажевски стави крај на играчката кариера, но останува во Вардар!

Легендарниот Дејан Блажевски, досегашниот играч на Вардар стави крај на професионалната фудбалска кариера. Популарниот Шиле беше еден од најзаслужените за големиот успех на Вардар пласирајќи се во групната фаза во Лигата на Европа.
36-годишниот Блажевски беше еден од најдобрите напаѓачи во мак-фудбалот и беше вистински „бомбардер“ кон противничките мрежи. Во два наврати за Вардар одигра 155 натпревар и постигна 45 погодоци, а трипати беше шампион на Македонија.
Најтрофејниот македонски фубдалски клуб Вардар му се заблагодари за досегашниот придонес, и најави дека Блажевски ќе има нова функција во неговиот матичен клуб.
„За капитенот на нашиот тим Дејан Блажевски ова беше последна сезона во дресот на Вардар и популарниот “Шиле“ ја завршува својата активна играчка кариера. Тој го носеше црвено-црниот дрес во два наврати на вкупно 155 натпревари на кои што постигна 45 голови и освои три шампионски титули во дресот на нашиот клуб. Засекогаш ќе биде запамтен како дел од генерацијата која што го направи најголемиот успех во историјата на клубот и се пласираше во групната фаза на Лигата на Европа. Шиле, во името на фудбалскиот клуб Вардар и на сите навивачи и симпатизери ти се заблагодаруваме за секој гол, за секоја асистенција и за секоја минута помината во светиот црвено-црн дрес. Вистински капитен, секогаш пример за помладите позади себе оставаш многу убави спомени за идните вардарови генерации. Се надеваме дека ќе уживаш во спортската пензија и воедно ти посакуваме многу успех во наредната функција која што ќе ја имаш во нашиот клуб“, напишаа од клубот.
