Европски ФудбалФудбал
Давид Алаба по рекорден осми пат е прогласен за најдобар фудбалер во Австрија

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба (29) по осми пат е прогласен за најдобар фудбалер на годината во Австрија, што е убедливо највисоко во историјата на изборите.
Алаба беше прогласен за најдобар фудбалер на Австрија во 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2020 и оваа година. Ги освои сите награди за најдобар фудбалер кој настапува за Баерн, освен во 2011 година кога дел од сезоната мина во Хофенхајм, а годинава поради тоа што од летото е член на Реал.