ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
Дарко Размоски ја засили Воска Спорт

Македонскиот второлигаш Воска Спорт продолжува со големи прволигашки засилувања за пролетниот дел од сезоната. Крилниот играч на прволигашот Пелистер, Дарко Размоски е најново засилување за второлигашот од Охрид кој цели кон Првс лига.
Воска Спорт заврши на второто место на табелата, а во пролетниот дел ќе води борба со непоразениот лидер Силекс и третопласираниот Вардар жестока борба за влез во фудбалската елита.
Тимот од “Грашница” претходно ги ангажираше и Арѓенд Гафури, Алтин Лога и голманот Дејан Силјановски.