ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дарко Нацев е ново засилување за Вардар Неготино

Амбициозниот третолигаш Вардар од Неготино го престави Дарко Нацев како најново засилување за новата сезона од Трета лига – Југ, која ќе започне веќе утре.

Revolution Development е софтверска компанија посветена на развој на врвни решенија за бизниси

„Вардарци“ кои минатата сезона беа шампион во Трета лига – Југ, играа бараж за Втора лига, но истиот во пенал рулетот го загубија од Караорман, кој обезбеди кам-бек во второлигашкото друштво по една деценија.

Неготинци остануваат со истите амбиции и во новата сезона, а тоа е одбрана на шампионската титула и обезбедување на бараж за Втора лига.

Во остварување на амбициите ќе помага и Дарко Нацев, кој во Неготино доаѓа од редовите на ланскиот второлигаш Локомотива од Градско. 28-годишникот потекнува од школата на Тиквеш, а во својата кариера има настапувано и за Марена и Тиквеш.

Во првото коло од новата сезона Вардар Неготино гостува кај Марена.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!