ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Дарко Крстески е нов тренер на Караорман

Новиот второлигаш Караорман од Струга денес го назначи Дарко Крстески за нов тренер за новата сезона од Првата македонска фудбалска лига.

Крстески во својата играчка кариера настапуваше за Победа, Црвена Звезда, Борац Чачак, Сутјеска и Флориана на Малта. Тренерската кариера ја започна пред осум години и со успех водеше неколку македонски прволигаши и второлигаши. Беше на тренерското столче на Победа, Тиквеш и Пелистер, а кратко беше тренер и во странство.

„Му се заблагодаруваме за досегашната работа тренерот Илче Перески и му посакуваме понатамошен успех во тренерската кариера“, велат од Караорман.

Караорман е шампион на Трета лига – Југозапад, во баражот со Вардар Неготино беше подобар во пенал рулетот и обезбеди место во второлигашкото друштво.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!