ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Дарко Додев со еврогол го прослави 100-от прволигашки натпревар: Најважни ми се победите на Брегалница!

Дарко Додев, без сомнение, е еден од најзаслужните за триумфот на Брегалница на гостувањето против Академија Пандев во Струмица и победничкиот старт на сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Крилниот офанзивец на „сините“ го постигна и најубавиот погодок во викенд-колото во ПМФЛ, запишувајќи вистински еврогол во својот 100-ти јубилеен прволигашки натпревар во кариерата.

„Со задоволство ќе се сеќавам на овој погодок во Струмица кој ми е еден од најубавите во кариерата. И сето тоа на мојот јубилеен 100-ти прволигашки натпревар“ – вели Додев, кој сепак нагласува дека најважен е победничкиот старт на Брегалница во новата сезона.

„Но, во целиот случај најважна е сепак нашата победа во Струмица. Комплетно ја надигравме Академија Пандев по едно тешко време за игра. Во текот на сите 90 минути бевме многу подобар противник и заслуживме и поубедлив триумф според шансите, но на крајот трите бода од едно такво тешко гостување против екипа која ја претставуваше Македонија и на европската сцена се секако најважни“.

Брегалница во следното коло на домашен терен ја пречекува екипата на Струга ТЛ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!