ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Даноски: Бараме регуларно судење и да загубиме тоа да биде коректно, во спротивно Иднина Боровец е спремна да ја напушти лигата!

Покрај Лирија, Кравари, Македонија Враништа, Кораб во низата на клубови кои реагираат на судиските неправди застана и Иднина Боровец.

Ирфан Даноски кој е претставник на Иднина Боровец за Спортска Мрежа вели дека се разочарани од судиските неправди, иако се свесни дека имаат млада екипа која не е конкурентна, тие бараат фер судење и доколку загубат тоа да биде коректно.

„Ние сме млада екипа составена од млади играчи и сме свесни дека сите екипи во Трета лига – Југозапад се подобро и поискусни, но ние сакаме регуларно судење и кога ќе загубиме тоа да биде регуларно. Вчера, на натпреварот против Влазними при резултат од 0:0 главниот судија свири прекршок надвор од шеснаесет метри, не знаеме од која причина помошниот судија покажа пенал. Ако не се средат работите со судии кои треба да судат фер и коректно, спремни сме да ја напуштиме лигата“, ни изјави Даноски.

Иднина Боровец вчера во рамки на 4. коло од Трета лига – Југозапад загуби од Влазними со 0:2.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!