ЕУРО РАКОМЕТРакомет
Данило Брестовац ќе биде тренер во Саудиска Арабија

Поранешниот македонски ракометен селектор, Данило Брестовац има нов ангажман, тој ќе биде тренер во Саудиска Арабија.
46-годишниот тренер ќе ја води екипата на Ал Мудхар која се натпреварува во најсилната ракометна лига во државата.
Брестовац во својата тренерска кариера ги има водено Металург и екипата на Диферданж од Лускембург. Последен негов ангажман беше репрезентацијата на Македонија со која играше на Светското првенство во Египет годинава.