ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Даниел Мацески е нов претседател на третолигашот Македонија од Враништа

Амбициозниот третолигаш Македонија од Враништа од денес има нова управа која ќе биде предводена од новиот претседател Даниел Мацески, кој во последните 5 години ја извршуваше функцијата секретар на клубот.
„Фк Македонија изразува голема благодарност до поранешниот претседател Наумче Спасески и неговата управа кои во изминатите 5 години направија многу за овој клуб да го вратат онаму каде што припаѓа“, велат од клубот.
Во новата сезона од Трета лига – Југозапад, екипата на Македонија ќе атакува на освојување на врвот и со тоа преку бараж да се бори за конечно враќање во Втора лига.