ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Даниел Божиновски останува прв голман на Силекс и следната сезона

Силекс продолжува со реконструкцијата на тимот за следната сезона во која ќе настанува во Втората лига – Запад и ќе се обиде експресно да се врати во Првата лига.

Во Кратово престигнаа неколку нови фудбалери, а клубот исто така успеа да го задржи голманот Даниел Божиновски кој и следната сезона ќе биде прв голман на Силекс.

Клубот, исто така, ќе биде засилен и со Лазар Пеев од второлигашот Тетекс, а претходно пристигнаа и Дарко Алексовски, Мартин Димовски и Стојан Стојчевски.

Кратовчани во следната сезона ќе ги води тренерот Горазд Михајлов, додека за нов спортски директор е назначен Стевица Ристиќ.

Силекс ќе игра квалификации во Конференциската лига на УЕФА, а противникот ќе го дознае на 15 јуни. Со оглед дека освојувачот на Купот на Македонија ќе инкасира 150.000 евра само од првото коло во европските настапи се очекува да биде изграден конкурентен тим кој експрено би се вратил во елитата.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!