ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

Дали Велешта е пред целосно згаснување ?! Клубот нема да игра ниту во Трета лига – Југозапад ?!

Екипата на Велешта испадна од Втората лига – Запад и се пресели во Трета лига – Југозапад, шпекулациите кои кружеа подолг период дека клубот воопшто нема да игра ниту во третолигашкото друштво, денес до некаде беа потврдени и од самиот клуб.

На официјалната фејсбук страница на клубот објавен е статус околу иднината на Велешта, во кој се вели дека клубот е пред исчезнување по скоро 70 години.

„Велешта, клуб кој е стар скоро 70 години, се наоѓа пред исчезнување“, стои во објавата на клубот.

Останува да видиме дали Велешта финансиски ќе се стабилизира и ќе направи тим за настап во Трета лига – Југозапад или овој лански второлигаш повеќе нема да го гледаме на фудбалските терени.

Вила со базен и поглед кон Охридското езеро, бидете сведоци на најубавите зајдисонца

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!