Европски ФудбалФудбал

Дали „учителот“ ќе има влијание врз одлуката на Серхио Рамос ? Телефонскиот повик е веќе направен!

Пред неколку дена Серхио Рамос официјално објави дека повеќе не е член на Реал Мадрид, па искусниот стопер е во потрага по нов клуб.

35-годишниот играч го напушти Реал Мадрид по 16 години и досега беше поврзуван со половина Европа, вклучително и клубови од Серија А.

Како што објави „Калчомеркато“, Жозе Мурињо наводно разговарал со својот поранешен играч и го убедил да дојде во Рома, иако се поставува прашањето дали римската „волчица“ може да ги исполни барањата на шпанскиот дефанзивец.

ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Сити се клубови кои имаат далеку поголеми финансиски можности, но Мурињо верува во добри врски со Рамос, кој сè уште нема донесено одлука за продолжението на својата кариера.

Мурињо се надева дека ќе го убеди својот поранешен „ученик“ да се пресели во италијанската престолнина, свесен, сепак, дека Рамос ќе мора да попушти пред неговите барања.

Покрај тоа, Рома не игра во Лигата на шампионите и тоа секако е една од пречките за Рамос, кој со Реал ја освои Лигата на шампионите четири пати.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!