Европски ФудбалФудбал

Дали Роналдо останува во Јувентус ?

Нема индиции дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус ова лето, тврди спортскиот директор на торинскиот клуб, Федерико Черубини.

Договорот на Португалецот истекува во јуни 2022 година, а клубот очекува 36-годишниот фудбалер да се приклучи на подготовките следната сезона, откако направи пауза од Европското првенство.

„Нема никаква индикација од Роналдо дека тој сака да замине“, рече Черубини.

„Среќни сме што тој ќе ни се придружи кога ќе направи пауза од Европското првенство.“

Сепак, во изминатите месеци се пишуваше дека Роналдо е подготвен да го смени клубот.

„Немам кристално топче, не знам што ќе се случи. Засега нема индиции дека ќе има трансфер “, додаде Черубини.

Португалецот минатата сезона постигна 36 голови за Јувентус на 44 натпревари.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!