Европски ФудбалФудбал

Дали ќе прифати Атлетико: Ливерпул сака еден од клучните играчи на Симеоне!

Ливерпул сака да го доведе Саул Нигес, еден од најдобрите играчи на Атлетико Мадрид. Веста вчера ја пренесе „Ас“, медиум близок до клубот од Мадрид, а денес тоа го тврди и турски новинар специјализиран за трансфери, Екрем Конур.

Преговорите меѓу двата клуба, наводно, веќе започнале на барање на Јирген Клоп. Напишано е дека Ливерпул ќе понуди околу 40 милиони евра и дека Атлетико ќе го прифати тоа затоа што не е во добра финансиска состојба.

Саул има 26 години, но долго време игра на врвно ниво. Тој влезе во првиот тим на Атлетико како 20-годишник и играше за тимот на Диего Симеоне 337 пати и постигна 43 погодоци. Ливерпул го гледа како замена за играчот за врска Жоржињо Вијналдум, кој летово замина во Пари Сен Жермен.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!