Дали Беласица го губи тренерот Стојанов ?

Со завршувањето на Првата и Втората македонска фудбалска лига следува краток одмор и подготовки за новата сезона. Македонските фудбалски екипи веќе интензивно започнуваат со градење на тимовите за следната сезона.
Новата сезона ќе стартува кон средината на август, а Втора лига ќе биде единствена и многу поконкурентна во однос на веќе изминатата сезона.
Беласица, која пред две сезони испадна од Прва лига брзо се консолидираше и го ангажираше младиот тренер Александар Стојанов, кој изгради тим за долги патеки, составен од млади фудбалери кои добиваат повици и во младинските репрезентации.
Во пролетната полусезона Беласица нанижа 10 победи со само едно реми и еден пораз и фантастична гол разлика од 34:4. Струмичани повеќе од 10 натпревари имаа чиста мрежа и до последно коло водеа борба за директен пласман во Прва лига, но во баражот загубија од прволигашот Скопје (2:1).

Сепак, според информации до кои дојде Спортска Мрежа и кои кружат во фудбалските кругови, Беласица може да го загуби тренерот Стојанов ? Според информации до кои дојдовме Стојанов и Беласица немаат сè уште официјализирано соработка и за следната сезона, па од тука се отвара и прашањето дали Беласица може да го загуби младиот тренер кој имаше фантастична сезона, направи одлични резултати, изгради од Беласица тим кој и следната сезона со 2 до 3 квалитетни засилувања може да атакува на местата кои водат во Прва лига.
Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во следниот период и дали Беласица ќе си дозволи „луксуз“ да го загуби тренерот Стојанов за кој има интерес од повеќе македонски екипи.