ФудбалФудбал - Четврта Лига

Чорбески пред баражот за ТМФЛ: Св. Троица ЦГ има квалитет за Трета лига и можеме да конкурираме за високи места!

Екипата на Св. Троица ЦГ од Охрид утре го игра бараж натпреварот за влез во Третата фудбалска лига – Југозапад против екипата на Славеј Мешеишта.

Пред утрешниот бараж натпревар, Спортска Мрежа разговараше со искусниот Кирил Чорбески, за битката за влез во Третата фудбалска лига – Југозапад. 33-годишникот во есенскиот дел настапуваше за третолигашот Октиси, кој за жал поради недобивањето на ваучер од АМС беше приморан да го откаже учеството во третолигашкото друштво, а познатиот Чорбе вели дека голема заслуга за откажувањето на Октиси од Трета лига – Југозапад има федерацијата поради неправилната распределба со ваучерите кон третолигашите.

„Голема заслуга за откажувањето на ФК Октиси од Трета лига – Југозапад имаат ФФМ, бидејќи спортските ваучери се доделуваат селективно, а сите знаеме дека давачките се големи, тешко е да опстане една екипа во Трета лига ако нема финансиска помош од федерацијата. ФК Октиси имаше квалитетни играчи, но за жал така се случи, па повеќе од нас заминаа во друг клуб“, вели Чорбески за Спортска Мрежа.

Разговорот го овозможи Revolution Development

Искусниот фудбалер кариерата ја продолжи во екипата на Св. Троица ЦГ од Охрид која се бори за влез во Трета лига – Југозапад. Веќе утре се игра првиот бараж меч против екипата на Славеј Мешеишта, а Чорбески верува дека неговата екипа има квалитет за влез во Трета лига, но и да конкурира за високите места од табелата.

Екипата на Св. Троица ЦГ – Охрид

„Јас продолжив да играм за Св. Троица ЦГ од Охрид, во Општинската фудбалска лига на Охрид. Утре го играме првиот натпревар од баражот за влез во Третата лига. Квалитетот на нашата екипа е на повисок ранг, и слободно можам да кажам дека нашата екипа може да конкурира за горните позиции во Третата лига. Сите играчи се познаваме, сите сме од ист град, има фудбалска хемија во екипата, и спремни сме да одговориме на секој предизвик. Се надеваме дека утре ќе го добиеме натпреварот против Славеј Мешеишта, па здравје Боже наредната недела да победиме и во финалниот натпревар за влез во Трета лига. Господ здравје на сите“, ни изјави искусниот Чорбески.

Натпреварот старува во 16:30 часот, а во ист термин денес ќе се одигра првиот бараж натпревар помеѓу екипи на Слатино и Св. Троица 2021. Победници ќе се соочат следната недела во финален натпревар, а победникот од тој меч ќе патува во Трета лига – Југозапад.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!