РакометРакомет - Суперлига

Чкембари на тренинг со поддршка за Еурофарм Пелистер пред дербито со Вардар (ВИДЕО)

Големото ракометно дерби меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе го привлече најголемото вниманието кај македонската ракометна јавност.

Битолските ракометари во сабота ќе гостуваат во Скопје, каде во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одиграат големото дерби со актуелниот шампион Вардар, во рамки на 3. коло од плеј-офот од Супер лигата.

Денес на тренинг на Еурофарм Пелистер, навивачката група Чкембари им даде голема поддршка од трибините во „Боро Чурлевски“ и ги испрати ракометарите во Скопје по победа.

Натпреварот ќе се игра во сабота со почеток од 17:00 часот, а Еурофарм Пелистер утре ќе пристигне во Скопје.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!