Европски ФудбалФудбал

ЧИСТКА: Реал Мадрид го продава Азар и уште ПЕТ фудбалери, Анчелоти се буни само за двајца!

Еден Азар е скоро сигурно да го напушти Реал Мадрид ова лето, а во списокот има уште пет играчи.

Реал Мадрид во следната сезона влегува со новиот тренер Карло Анчелоти, а тоа значи дека клубот ќе направи „чистка“ во играчкиот кадар по слабата сезона под водство на Зидан.

Веќе замина легендарниот Серхио Рамос, кому Реал Мадрид не сакаше да му понуди двегодишен договор, а уште шест играчи се наоѓаат на трансфер листата по одлука на клубот. Еден од нив е српскиот фудбалер Лука Јовиќ, кој постигна само два гола, беше на позајмица во Франкфурт последните шест месеци и сега се враќа, но очигледно е непожелен.

Реал Мадрид сака да заработи пари на играчи кои покажуваат помалку отколку што се платени, па покрај Јовиќ, пред излезна врата се и Герет Бејл, Иско, Мартин Одегор, Еден Азар и Рафаел Варан, кој побара да си замине.

Раководството на „кралскиот клуб“ крена раце во однос на астрономската плата која ја бара стоперот на француската репрезентација, па мадридски Реал ќе мора да бара нов партнер за Давид Алаба, кој дојде од Баерн.

Она што е интересно е тоа што Карло Анчелоти се побуни кога Реал Мадрид го извести дека споменатите играчи се на продажба, па според порталот „Атлетик“, тој побарал двајца да не го напуштат клубот ова лето.

Верувале или не, тоа се Герет Бејл и Еден Азар, за кои Анџелоти смета дека ќе успее да ги извлече по многу лоши сезони и изгубената доверба кај навивачите.

Проблемот е што Реал Мадрид може да заработи најмногу на нив…

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!