Европски ФудбалФудбал

Чинеше 80 милиони евра, но сите го „заборавија“: За два месеци одигра само 12 минути

Николас Пепе (26) е најскапиот трансфер во историјата на Арсенал, но во последно време не е во центарот на вниманието кај тренерот Микел Артета.

Дури 80 милиони евра плати Арсенал за крилниот напаѓач на Лил во 2019 година и најпрвин се чинеше дека е полн погодок во Лондон, но со текот на времето опадна формата на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и тренерот ја загуби довербата во него.

Иако беше стартер на почетокот на сезоната, неговиот последен натпревар во Премиер лигата датира од 18 октомври, кога Арсенал ремизираше 2-2 со Кристал Палас. Оттогаш, „топчиите“ одиграа уште 9 првенствени натпревари, во кои Пепе собра само 12 минути, пет со Лестер и седум против Саутемптон.

Микел Артета објасни дека Пепе е во ситуација на неколку играчи на Арсенал – дека нивните места едноставно ги заземаат играчи кои подобро се снаоѓаат на теренот. Поточно во случајот со Пепе, тоа место го зазеде младиот Букајо Сака.

“Многу играчи немаат доволно минутажа. Со игрите што ги имаме сега, нема место за сите. Нешто слично се случува и со Николас. Му требаат повеќе шанси да се докаже, но ги немаше. Се обидувам да донесувам одлуки врз основа на она што го гледам секој ден и, да бидам искрен, Нико се обидува да му помогне на тимот, но реалноста е дека Букајо е во подобра форма во моментов и не можеме да му ја одземеме минутажата на важни натпревари“, изјави Артета.

Сезонава Пепе забележа осум настапи во Премиер лигата, имаше едно одлучувачко додавање и два настапи во Лига купот, во кои постигна еден гол и двапати асистираше.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!