ФудбалФудбал - Четврта Лига

Четвртолигашот Влазними Јуниор со неколку квалитетни засилувања атакува на влез во Трета лига – Југ! (ФОТО)

Четвртолигашот Влазними Јуниор со интензивни подготовки за пролетната полусезона. Клубот донесе и две нови засилувања кои ќе треба да помогнат во борбата за влез во Третата лига – Југ.

Двете нови засилувања во клубот се повратниците Мерсин Мемедоски и Арбен Фејзуловски.

Тренинг на Влазними Јуниор, 04.02.2021

23-годишниот Мемедоски доаѓа од третолигашот Победа од Ивањевци, додека Фејзуловски кој има 21 година доаѓа од третогалишот Питу Гули, а во својата кариера има настапувано и за третолигашот Братство 07 и Пелагонија.

Тренинг на Влазними Јуниор, 04.02.2021

Влазними Јуниор есенската полусезона во Општинската лига во Прилеп ја заврши на делба на четвртата позиција со 7 освоени бодови и има негатива од 6 бодови во однос на лидерот Кадица.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!