ФудбалФудбал - Четврта Лига

Четвртолигашот Влазними Јуниор се засили со Шабаноски и Мемедоски

Амбициозниот четвртолигашот Влазними Јуниор денес се засили со Денис Шабаноски и Бујамин Мемедоски.

29-годишниот Шабаноски доаѓа од третолигашот Победа од Ивањевци, а со своето искуство треба да му помогне на четвртолигашот за влез во Трета лига – Југ.

Младиот голман Мемедоски е повратник во екипата на Влазними Јуниор, доаѓа од Слога 1976 од Лажани, а во својата кариера 22-годишникот има настапувано и за Пелагонија.

Влазними Јуниор во пролетната полусезона ќе се бори за првото место и влез во Третата лига – Југ.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!