Четвртолигашот Согле со интензивни подготовки за атак на првото место и влез во Трета лига – Југ

Четвртолигашот Согле којшто се натпреварува во Општинската лига Велес со интензивни подготовки ќе атакува на прво место и влез во Трета лига – Југ.
Согле во есенскиот дел одигра четири натпревари и запиша една победа, едно реми и два порази, со вкупно 4 освоени бодови се наоѓа на петтото место на табелата и има негатива од само три бода во однос на лидерот Форца Нова.
Клубот располага со одличен ростер на играчи кои имаат големо искуство и кои треба да му помогнат на клубот во остварување на целите. 33-годишниот Горан Ѓошов е поранешен играч на Младост и Горски, ги има поминато сите младински категории на велешки Борец. Во клубот исто така е и искусниот 26-годишен Арбен Џини кој претходно има настапувано за Форца Нова.
Клубот се засили со 24-годишниот Ален Мехмед, кој исто така потекнува од школата на Борец, во својата кариера има настапувано за Тополка каде два пати ја освојуваше Општинската лига, со што Согле добива квалитетно засилување во средниот ред.
Клубот има одлични услови за нормално фукционирање, како домашен терен го користи игралиштето во Чашка. Четвртолигашот има стабилни приватни спонзори, а има најава во иднина за реализација на неколку значајни проекти во овој клуб, еден од нив е отварање на младинска школа која би требало да започне со функционирање за брзо време.
Клубот досега одигра еден контролен натпревар со третолигашот Превалец кој атакува на Втора лига – Исток, а слединот викенд Согле ќе одигра контролен натпревар и со Форца Нова.
Чевртолигашот за тековната сезона има за цел да изгради стабилна екипа со која следната сезона ќе се бори за влез во Третата лига – Југ, а доколку се укаже шанса за прво место и во тековната сезона, клубот истата ќе ја искористи.