Четвртолигашот БВК Коњаре најголем фаворит за влез во ТМФЛ – Север, клубот интензивно се подготвува со искусниот тренер Алиса Виши!

Четвртолигашот БФК Коњаре којшто е формиран пред само три месеци е најголем фаворит за влез во Третата лига – Север. Клубот се натпреварува во Општинската фудбалска лига во Гази Баба.
Претходните денови е формиран и „костурот“ на екипата со 22 нови играчи, а најзвучно меѓу нив е искусниот голман Берат Јакупи. Останати играчи кои се приклучија кон новиот клуб се Един Растодер, Блерим Амети, Анел Цамиќ, Ќемаљ Азири, Бесим Мустафи, Ненад Рајковчевски, Куштрим Курти, Ардиан Бузаки, Бурим Курти, Љавдрим Салихаси, Ергин Шерифи, Башким Ајдаровиќ, Реџеп Алиу, Џенгис Рушидовски, Гентиан Пајазити, Арбор Јаији, Висар Аљији, Решат Алиу, Емир Смајовиќ, Нермин Бишевац, Сеад Јакупи.
Клубот за тренер го има искусниот Алиса Виши кој потекнува од школата на Шкупи.
“Иако важиме за главен фаворит за влез во Трета Лига – Север, сериозно ќе пристапиме кон целта. Сакаме фудбалот во Средно Коњаре пак да заживее. Имаме одлична и пред сé искусна екипа. Поголемиот дел од играчите доаѓаат од екипи кои што се натпреваруваат во Трета Лига – Север. Со тренинзите започнуваме во наредниот период на чело со искусниот стратег Алиса Виши, кој потекнува од школата на Шкупи”, за Спортска Мрежа изјавија од раководството на клубот.
Сезоната во ОФЛ Гази Баба ќе стартува на 14. март и ќе се одигра еднокружен систем.