ФудбалФудбал - Четврта Лига

Четвртолигашот Богомила со „картички за лојалност“ ќе ја подобрува финансиската состојба

Четвртолигашот Богомила кој атакува за влез во Трета лига – Југ, од денес започна со акција за подобрување на финансиската состојба на клубот, преку „картички за лојалност“ во висина од 300 и 500 денари.

„Почитувани фанови на Фк.Богомила, изработивме членски картички/картички за лојалност на клубот, со секоја купена картичка го помагате функционирањето на клубот, имаме два типа на членски картички 300 денари и 500 денари, доколку сакате да помогнете а со тоа и да бидете лојален член на фк.Богомила обратете ни се во порака, ви благодариме многу“, се вели во соопштението од клубот.

Секој кој сака да го поддржи клубот со „картичка за лојалност“ тоа може да го направи со директно контактирање на официјалната фејсбук страница на клубот Богомила.

Инаку, претходно неколку второлигашки и третолигашки клубови започнаа со ваква акција која се покажа доста успешна. Во време на пандемија кога фудбалските триби се празни, клубови се решија преку ваков чекор да ја подобруваат финасиската ситуација.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!