РакометРакомет - Суперлига

Четири скопски, две битолски екипи, Охрид и Струга ќе се борат за титулата и местата во Европа

Регуларниот дел од македонската ракометна Суперлига заврши. Четири скопски, две битолски екипи, Охрид и Струга ќе се борат за титулата и местата во Европа.

Охрид одигра фантастична сезона со максимални 36 бодови заврши на првото место во групата А од каде „виза“ за плеј оф обезбедија и второпласираниот Пролет и третопласираната Струга.

Во групата Б последниот патник во плеј-оф завршницата се доби во последниот момент. Металург како прв и Бутел како второпласиран беа сигурни фаворити за плеј-оф завршница, а третото место го грабнаа младите пелистерци, откако вечерва славеа над Прилеп.

Покрај овие шест екипи, во плеј-оф завршницата влегуваат и Вардар и првата екипа на Еурофарм Пелистер.

Во плеј-аутот битка за опстанок ќе водат осум екипи, од кои само првопласираната екипа е сигурна, додека втората игра бараж за опстанок, останатите шест екипи дирекно испѓаат од ракометната елита и се селат во Прва лига. Од клубовите веќе има иницијатива за тековната сезона да ја напуштат само две екипи, останува да видиме дали истата ќе биде прифатена и ќе има промени.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!