ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

Чешмеџиев е ново квалитетно засилување во одбраната на Шкупи

Дефанзивецот Константин Чешмеџиев е нов играч на македонскиот вицешампион Шкупи за следната сезона. 25-годишниот фудбалер доаѓа од редовите на босанскиот тим Вележ од Мостар, каде минатата сезона поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година одигра 16 натпревари.

„Луѓето во клубот ме контактираа додека бев фудбалер на Вележ, тоа беше пред околу еден месец. Тие ми ги раскажаа плановите и идеите на клубот, а јас знаев дека тоа е сериозен проект. Одлучувачки фактор да се дојде тука беше излегувањето на европската сцена, како и фактот дека тренер е Гоце Седлоски, тренер кој го почитувам и ќе ми биде чест да работам со него“, изјави Чешмеџиев.

Искусниот дефанзивец потекнува од Работнички, а во својата кариера покрај за Вележ има настапувано и за битолски Пелистер, Македонија Ѓорче Петров, Академија Пандев и Шкендија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!