Европски ФудбалФудбал

Чешкиот милијардер купи акции во Вест Хем

Фудбалскиот клуб Вест Хем денеска соопшти дека чешкиот инвестициски фонд „Холдингс 1890“, кој е под контрола на милијардерот Даниел Кретински, купил 27 отсто од акциите во тој прволигаш.

Кретински е на чело на мала медиумска империја во својата земја и моќна енергетска групација, но присутен е и во странство во повеќе сектори, особено во медиумите.

„Холдингс 1890“ е и мнозински сопственик на Спарта од Прага.

Кретински и неговиот колега Павел Хорски беа назначени во бордот на директори на Вест Хем.

Вест Хем моментално е трет на табелата во Премиер лигата со 23 бода, исто колку и Манчестер Сити, односно три помалку од водечкиот Челзи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!