ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
Чешиново подобар на контролниот натпревар со Карбинци

Третолигашите Карбинци и Чешиново одиграа контролен натпревар кој заврши со победа од 1:2 за гоститe.
Тренерот на Карбинци Александар Берков на натпреварот одигра со речиси потполно различни состави во двете полувремиња, и им даде можност на сите играчи.
Во првото полувреме Карбинци доминираше, имаше повеќе од играта, но успеа да реализира само една од неколкуте шанси, повредувајќи со 1:0.
Второто полувреме им припадна на гостите, кои реализираа два пати – еднаш од пенал и еднаш со шут од далечина, за конечни 1:2.