Чешиново го доби Раклиш во Радовиш, Малеш со трумф над Тиверија

Денес беа одиграни натпревари од 15. коло од Третата лига – Исток, фокусот беше на дербито во Делчево каде Брегалница загуби со 0:2 од Детонит.
Раклиш 1:3 Чешиново
Екипата на Раклиш на домашен терен беше поразена од Чешиново со 1:3. Гостите први стигнаа до водство со гол на Јакимов Мики во 12. минута од натпреварот. На осум минути пред крајот на првиот дел Чолаков Исмет постигна гол за 1:1. Во второто полувреме Чешиново ја осигура победата со два брзи гола. Во 57. минута Јакимов со втор гол го врати водството за Чешиново на 1:2, а по две минути игра Лазаров капитулираше по трет пат откако Стојчов Антониот постигна гол за конечни 1:3.
Малеш 3:1 Тиверија
Малеш конечно ги израдува своите навивачи откако на домашен терен со 3:1 ја совладата Тиверија и дојде до осмиот сезонски триумф. Струмичани први дојдоа до водство со гол на Горгиев Александар во 20. минута од натпреварот. На полувреме гостите имаа водство од 0:1. На стартот од вториот дел Пилов Ерол ја стресе мрежата на Гошев за 1:1. Неизвеноста траеше до 80. минута кога нововлезелниот Пачарски Марјанчо постигна гол за 2:1 и водство на беровчани. По пет минути игра Пилов со втор гол ги постави конечните 3:1 со што трите бода останаа во Берово.
Спартмани 0:2 Работник Џумајлија
Спартмани продолжува со резултатската криза и денес на домашен терен во Градско Балдовци беше поразен од Работник Џумајлија со 0:2. За гостите од Лозово ова беше третиот сезонски триумф, додека Спартмани впиша девети сезонски пораз. Одлична игра на Работник кој дома си оди со вредни три бода во борбата за опстанок. Првиот дел од натпреварот помина со мирни мрежи и на двете страни. На стартот од вториот дел Стаменов Петар беше исклучен од игра поради груба игра, па Работник со посилен притисок го скрши отпорот на домашната екипа во 50. минута откако Симонов Славче постигна гол за 0:1. Надежите на Спартмани за евентуално реми ги урна Стојковиќ Никола кој во 73. минута од натпреварот постигна гол за конечни 0:2.
ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ИСТОК ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ
Овче Поле 3:0 Василево (службен резултат)
Овче Поле натпреварот со „фенерџијата“ Василево го добива со службен резултат од 3:0 откако гостинската екипа поради непознати причини не се појави на Градскиот стадион во Свети Николе.
Карбинци 0:2 Хоризонт Турново
Карбинци на домашен терен беше поразен од фаворитот Хоризонт Турново со 0:2. Резултатот беше отворен во 22. минута со гол на Глигоров Бранко. Во 39. минута од натпреварот Глигоров со втор гол ги постави конечните 0:2. Домаќинот најавува жалба поради неприсуство на петти играч младинец (физички), играч со број 2 Димитар Тасев, кој бил пријавен во протоколот, но физички не бил присутен и не се појавил до крајот на натпреварот.
Брегалница Делчево 0:2 Детонит (ВИДИ ИЗВЕШТАЈ)