Европски ФудбалФудбал

Челзи најде засилување во Турција: Унгарскиот репрезентативец се сели во Лондон

Унгарскиот репрезентативец и дефанзивец на Фенербахче, Атила Шалаи би можел да ги засили редовите на Челзи.

Според странските медиуми, „сините“ бараат одбранбени засилувања, а се чини дека нашле во Турција, односно во Фенербахче.

Имено, унгарскиот репрезентативец, кој пружа одлични игри во Турција, наводно е прва желба на лондонскиот клуб и во јануари би можел да се пресели на Островот.

Неговиот договор со Фенербахче е со важност до летото 2025 година, но Турците се подготвени да го продадат, а неговата пазарна вредност моментално се проценува на 11 милиони евра.

Покрај Челзи, на унгарскиот репрезентативец „фрлија око“ и шпанските великани Атлетико Мадрид и Севиља, но ако им се верува на странските медиуми, џабе.

Севкупно, Салаи има одиграно 40 натпревари за Фенербахче, од кои 18 оваа сезона. Успеа да постигне и три гола.

Тој во Фенербахче пристигна на почетокот на оваа година од Аполон Лимасол, а во досегашната кариера има настапувано и за Рапид од Виена и унгарски Мезоковесд.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!