Челзи мисли на иднината

Дека Челзи мисли на иднината покажуваат и последните информации кои доаѓаат од Островот.
Имено, како што пишуваат медиумите на Островот, редовите на актуелниот европски шампион решиле да понудат продолжување на соработката со Мејсон Маунт и Рис Џејмс.
Џејмс е обврзан со договор со „сините“ до летото 2025 година, но клупските челници сакаат да го наградат за добрите игри. Освен за Челзи, тој во досегашната кариера настапуваше и за Виган, а за Челзи има одиграно вкупно 98 натпревари со осум гола и 13 асистенции.
Сезонава одигра 14 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна пет гола со пет асистенции.
Од друга страна, Маунт е обврзан со договорот за „сините“ до летото 2024 година. Покрај за Челзи, тој во досегашната кариера има настапувано и за Дерби Каунти и Витесе.
За Челзи одигра вкупно 122 натпревари со 20 гола и 17 асистенции. Тој оваа сезона одигра 15 натпревари за Челзи во сите натпреварувања со учинок од три гола и четири асистенции.