Европски ФудбалФудбал

Челси подготвен да издвои астрономска сума за Халанд

Европскиот шампион Челси ова лето сака да го донесе норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд (20) и е подготвен да и понуди на Борусија Дортмунд рекордно обештетување кога е во прашање англискиот фудбал, односно дури 175 милиони евра.

Тоа се 100 милиони евра повеќе отколку што ќе изнесува неговата клаузула за обештетување за една година. Но, Челси знае дека во моментот никој не е во можност да понуди повеќе и сака да ги предвиди потенцијалните конкуренти кои би се појавиле следното лето.

Британските медиуми објавија дека раководството на Челси веќе разговарало со менаџерот на Халанд, Мино Раиола, и дека платата што ќе ја има норвешкиот фудбалер не претставува никаков проблем.

Иако е тешко да се откаже од голгетер кој постигна дури 57 погодоци на 59 настапи, Борусија Дортмунд е свесна дека ова ќе биде добра зделка бидејќи тие знаат дека нема да можат да го задржат Халанд во своите редови следното лето.

Халанд пристигна во Борусија Дортмунд во јануари 2020 година од РБ Салцбург за 20 милиони евра.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!