Европски ФудбалФудбал

Челси нуди напаѓач и 70 милиони евра за Халанд

Челси, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ја испрати првата понуда до Борусија Дортмунд за одличниот напаѓач Ерлинг Холанд.

Медиумите од Островот наведуваат дека тимот од Лондон е подготвен да издвои 70 милиони евра за 20-годишниот норвешки ас и да го испрати Тами Абрахам во Германија, кој во моментов не е во плановите на Томах Тухел.

„Мораме да го засилиме тимот ако сакаме да бидеме конкурентни во Премиер лигата. Потребна е нова крв, нови предизвици. Имаме млад тим, кој, со дополнителен квалитет, може да биде одличен на подолг временски период“, истакна Тухел.

На Челси му треба напаѓач. Минатата сезона најдобар стрелец во елитниот ранг беше жоржињо со седум погодоци. Тој ги даде сите седум од белата точка. Зад него се Вернер, Маунт и гореспоменатиот Абрахам со шест погодоци.

Халанд, пак, имаше неверојатни бројки во Бундес лигата. На 28 натпревари тој ја погоди мрежата на противникот 27 пати.

Сега е на потег Борусија Дортмунд, иако тешко дека „милионерите“ ќе бидат задоволни од понудата што пристигна од Лондон.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!