Европски ФудбалФудбал

Челси му нуди на Канте нов договор

Челниците на Челси најавија дека ќе му понудат нов договор на Нголо Канте, одличен играч за врска.

Францускиот репрезентативец има уште две години договор со тимот од Лондон. Сепак, челниците на актуелниот европски шампион сакаат да му обезбедат престој. Затоа, преговорите со агентите на Канте ќе започнат во следните неколку месеци.

Канте се приклучи на Челси во 2016 година. Во тој период тој одигра 157 натпревари за „сините“ и постигна девет погодоци. Тој беше еден од најзаслужните за титулата европски шампион, до кој оваа година стигна Челси.

Канте во моментов игра за репрезентацијата на Франција на Европското првенство.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!