Европски ФудбалФудбал

Челси испрати понуда за Левандовски

Европскиот шампион сака да го донесе во своите редови најдобриот напаѓач на светот.

Лондончаните првично сакаа да го доведат Ерлинг Халанд, но сега кога е јасно дека Норвежанецот ќе остане барем уште една сезона во Борусија Дортмунд, се свртеа кон други опции.

Сега, пишува „The Sun“, Челси реши да се обиде да го донесе Роберт Левандовски од Баерн и ќе испрати понуда вредна 50 милиони фунти на адреса на германскиот шампион.

Челси ќе се обиде да ја испита ситуацијата, но навистина е тешко да се очекува Баерн да се согласи да го продаде својот најдобар играч и стрелец еден месец пред почетокот на новата сезона.

Полскиот напаѓач во моментов не размислува за трансфер, но…

„Размислувам за сите опции. Се чувствувам добро во Баерн и го сакам овој град. Тоа е одличен клуб. Сепак, секогаш бев љубопитен да научам нови јазици и култури. Но, не знам дали тоа ќе се случи за време на мојата играчка кариера или после тоа“, рече Левандовски.

Левандовски претходно се поврзуваше со Реал Мадрид, но со оглед на сè, Полјакот најверојатно ќе биде член на „баварците“ и следната сезона.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!