Европски ФудбалФудбал

Чеферин: Европско првенство повторно во овој формат ? Не!

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин ја отфрли можноста повторно да се игра Европското првенство во овогодинешниот формат.

За прв пат во историјата, натпреварувањето се одржа низ цела Европа. Поточно, беа домаќини вкупно 12 градови, вклучувајќи го и Лондон, каде последниот натпревар помеѓу Англија и Италија ќе се одигра во недела од 21 часот.

„Повеќе нема да поддржувам ваква идеја. Идејата е преголема, не е коректно затоа што некои репрезентации треба да поминат 10.000 километри, а други 1.000, на пример. Не е фер за навивачите“, рече Чеферин за „Би-Би-Си“.

Словенецот се осврна на конкретен пример. Натпреварите од групата А се одиграа во Рим и Баку, така што екипите и навивачите мораа да поминат долг пат за само неколку дена.

„Некои навивачи треба да бидат во Рим, а потоа и во Баку во следните неколку дена. Тоа е четири и пол часа летање… Тешко е, иако идејата е интересна, но тешко е да се постигне. Мислам дека нема да има уште еден ваков турнир“, заклучи тој.

Следното Европско првенство е на програмата во 2024 година во Германија.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!