Чави по новиот кикс на Барселона: Целта е борбата за титулата!

Вчера во 17. коло од шпанската Ла Лига на гости, Барселона ремизираше 2:2 со Осасуна, со што направи нов кикс.
Барса е навистина предалеку од самиот врв на табелата бидејќи лидерот Реал Мадрид „бега“ дури 28 бодови, но Чави зборуваше и за титулата по вчерашниот натпревар.
„Не е доволно реми. Добро се натпреварувавме. На 2:1 требаше да ја задржиме топката, но не го направивме тоа. Многу се мачевме. Премногу. Не можевме да играме мирно на противничката половина од теренот. Не успеавме. Не можевме да се справиме со негативната динамика во која влеговме“, изјави Чави.
„Го имаме придонесот на младите. Тие го поддржуваат тимот во овие тешки моменти. Нивниот напор е неверојатен. Мора да продолжиме да веруваме, но ќе биде тешко да се промени оваа динамика. Ја имавме победата во наши раце и дозволивме да ни избега“.
Тој тогаш истакна дека целта сепак е да се бориме за титулата.
„Целта е да се најдеме меѓу четирите најдобри и да се обидеме да се протнеме во борбата за титулата. Зошто да не ? Ќе биде тешко, но мора да продолжиме да веруваме“, изјави Чави.
Барса моментално е осма со 24 бода.