Чави: Ова е Барса која луѓето сакаат да ја видат

Тренерот на Барселона Чави беше задоволен по ремито на неговиот тим со Севиља во Андалузија во одложениот натпревар од четвртото коло на Примера.
Каталонците одиграа 1:1 и можеа да ги својат сите три бода со оглед на тоа што во последниот половина час имаа играч повеќе поради исклучувањето на Кунде.
„Тешко ми е кога не победуваме, навистина. Ќе ми биде тешко да заспијам. Мислам дека требаше да победиме. Сликата од клупата беше многу добра. Мислам дека ова е Барселона што луѓето сакаат да ја видат“, рече Чави и продолжи:
„Имавме исклучително добри моменти. Тимот одигра одлично и ние сме на добар пат. Севиља е многу искусен и силен тим“.
Севиља е втора со 38 бодови, водечкиот Реал Мадрид има пет повеќе, додека Барселона е седма со 28 бодови.
Севиља на 3 јануари ќе гостува во Кадиз, а тимот на Чави ден порано кај Мајорка.