Чарлестон со гол во финишот донесе голема победа за Македонија ЃП над Ренова во Тетово

Македонија Ѓорче Петров во самиот финиш со гол на Чарлестон дојде до голема победа над Ренова во Тетово.
Домаќинот со гол на Шефити во 16. минута дојде прв до водство. „Лавовите“ преку Алексовски во 36. минута израмнија на 1:1, резултато со кој се замина на полувреме.
Во вториот дел неизвесноста траеше до самиот финиш, а шанси за погодок имаше и на двете страни. Херој за Македонија Ѓорче Петров беше Бразилецот Чарлестон кој во судиското продолжение постигна гол вреден три бода.
>> ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЛИГА ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ОВДЕ <<
Ренова останува на претпоследното место и во опасната зона со 24 бодови, додека „лавовите“ се на третото место на табелата со 41 бод. Во следното коло Ренова ќе има тежок натпревар против Шкупи, додека Македонија ЃП дома ќе игра против Академија Пандев.