ФудбалФудбал - Четврта Лига

БВК Коњари го декласираше Смиљковци, Марино со триумф над Миладиновци

Во неделата започна новата сезона од Општинската фудбалска лига во Гази Баба со натпреварите од 1. коло.

БВК Коњаре 11:1 Смиљковци

Најголема победа запиша екипата на БВК Коњаре која е најголем кандидат за враќање во Третата лига – Север. Екипата на домашен терен беше подобра од Смиљковци со 11:1. Резултатот беше отвоен во 3. минута со гол на Аљији Висар за водство на домашната екипа. Седум минути подоцна Бишевац Нермин зголеми на 2:0. Гостинската екипа во 15. минута со гол на Блажевски Бобан намали на 2:1, но нивните надежи за изненадување на натпреварот завршија со четири брзи гола на БВК за водство од 7:1 до 28. минута. Два гола постигна Јакупи Сеад за 4:1, а потоа до хет-трик стигна Рушидовски Џенгис за водство на домашната екипа од 7:1. Во второ полувреме немаше промени, БВК продолжи со доминацијата, а Смиљковци немаше сили да го запре налетот и нивната мрежа продолжи да се тресе. Во 47. минута Јакупи Сеад со нов гол зголеми на 8:1. Мустафи Бесим ја стресе мрежата на гостите за 9:1 во 51. минута, а десет минути подоцна нововлезениот Смајовиќ Емир постигна гол за 10:1. Конечните 11:1 ги постави Салихаси Љавдрим во 75. минута.

Миладиновци 0:1 Марино

Дербито меѓу Миладиновци и Марино заврши со минимална победа за гостинската екипа од 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Стефан Војновски.

Екипата на Марино

Долно Коњари 2:0 Ржаничино

Екипа на Долно Коњари со победа ја стартуваше новата сезона, откако на домашен терен славеше со 2:0 над Ржаничино.

Инџиково 2:3 Гоце Делчев

Интересен и незвесен натпревар се одигра во Инџиково, каде истоимената екипа беше поразена од Гоце Делчев со 2:3. Резултатот на полувреме беше 1:1, а во вториот дел гостинската екипа беше подобра и новата сезона ја започна со победа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!