ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

БВК Коњаре со убедлива победа го декласираше Еуромилк ГЛ

Со дуелот меѓу БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ беше отворено 4. коло од Трета лига – Север, во меч каде домаќинот покажа моќ и со 4:0 славеше висока победа.

Победата беше најавена уште во првиот дел од мечот, кога Орхан Мифтар постигна два погодоци во 8. и 20. минута од мечот. Во 31. минута Кристијан Ристовски стрелаше за високи 3:0 на полувреме.

Во вториот дел домашниот тим продолжи со одличната игра, а во 78. минута Амар Исљам постигна гол за конечните 4:0.

Колото ќе биде комплетирано утре со останатите натпревари од четвртата рунда.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!