ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

БВК Коњаре: Сите третолигаши да го кренеме гласот за да започне новата сезона, да добиеме поддршка и од младинските школи!

Третата македонска фудбалска лига никако да започне, додека во регионот веќе се одиграни и по неколку кола во третолигашката конкуренција. Третолигашите веќе го креваат гласот за да започне новата сезона, но засега младинските школи се пасивни во борбата да започне новата сезона, па така третолигашот БВК Коњаре преку соопштение ги повика третолигашите да бидат обединети во борбата за старт на новата сезона, но побараа во ваквата борба со поддршка да се вклучат и младинските школи, за кој велат дека се пасивни.

Инаку, како што велат од клубот, тие не се во можност да ги убедат сите играчи да се вакцинираат, а за невакцинираните фудбалери се бара ПЦР-тестови пред секој натпревар што значи дека клубовите би имале дополнителен трошок од околу 30.000 денари по натпревар, сума што е премногу висока за третолигаши, а дополнително истите треба да платат и котизација од 200.000 денари.

Целосното соопштение на БВК Коњаре:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!