ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГАФудбал - Четврта Лига

БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ нови третолигаши

Екипите на БВК Коњаре и Еуромилк ГЛ се нови членови на Третата лига – Север.

Иако, Младост имаше изборено место за ТМФЛ – Север, екипата го откажа учеството поради финансиски проблеми околу изградбата на стадионот.

“Место за настап во ТМФЛ – Север им е одстапено на екипите БВК (Средно Коњари) и Еуромилк (Горно Лисиче) кои од сега па натаму се наши збратимени екипи”, велат од ФК Младост и додаваат:

“Голема благодарност до сите кои беа дел од овој успех на Младост. Сите играчи и тренер кои на свој начин дадоа допринос бидејќи успехот на Младост е ваша заслуга. Целта од наредната сезона ќе биде повторување на овогодинешниот успех , но исто така за тоа ќе треба и уште поголемо вложување од сите бидејки сите екипи ќе имаат мотив плус да го победат шампионот.”

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!