БВК Коњаре без милост го прегази Инџиково со ДЕСЕТ гола, Аљији Висар ја искина мрежата

Четвртолигашот БВК Коњари запиша уште една убедлива победа на стартот од новата сезона во ОФЛ Гази Баба, овој пат настрада екипата на Инџиково која беше декласирана со 10:0.
Победата беше сосема очекувана за домашната екипа која важи за најсериозен кандидат за влез во Третата лига – Север, а квалитетот на екипата и резултатите уште еднаш потврдуваат дека БВК Коњаре следната сезона ќе биде дел од третолигашкото друштво.
Само седум минути игра беа потребни за Аљији Висар да стигне до хет-трик и водство за домашната екипа од 3:0. Во 10. минута Јакупи Сеад постигна гол за 4:0, а три минути подоцна Јакупи со втор гол зголеми на 5:0. На сцена повторно стапи Аљији кој со два гола во 17. и 25. минута зголеми на 7:0. Три минути подоцна и Јакупи стигна до хет-трик, а водството стигна од 8:0 на полувреме.
Во вториот дел од натпреварот, БВК Коњаре „се сожали“ па само два пати ја стресе мрежата. Во 57. минута Бузаки Ардиан зголеми на 9:0, а во 75. минута Јакупи со четврт гол на натпреварот ги постави конечните 10:0.
Во следното коло БВК Коњаре ќе гостува кај Миладиновци, а фаворитската улога сосема очекувано ќе биде повторно кај БВК. Екипата на Инџиково дома ќе игра против Смиљковци.